Данило Брестовац нов селектор на Македонската сениорска машка репрезентација
- Ракомет Mк
- Mar 4, 2019
- 1 min read
Во просториите на хотелот Холидеј Ин и официјално беше претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација, каде станува збор за тренерот на ракометниот клуб Металург односно Данило Брестовац.

„Благодарност до претедателот и до комисијата која одговори позитивно на мојата кандидатура. Сето тоа што го имам зад себе ми дава за право да се надевам на остварување на мојот сон. Веќе подолго имам добра соработка со РФМ и мислам дека за мене е нормално да одговорам на овој предизвик, иако во разговорите со мои блиски некои ми сугерираа дека не ми е време. Мислам дека не ми е рано. Со некои од момците сум играл, некои сум ги тренирал, па полесно ќе ја направам фузијата меѓу играчите што се во заминување и оние кои доаѓаат. За краток период ќе го формирам и мојот стручен штаб“, вели Брестовац.
Данило Брстовац ќе дебитира на клупата на Македонската репрезентација на 10 април во Рејкјавик, на првиот од двата натпревари против Исланд во рамки на Квалификациите за ЕП 2020 година. Втората средба против Исланд ќе се игра само четири дена подоцна, на 14 април, во Скопје.
Comments