top of page

Металург поразен од Железничар

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Feb 28, 2019
  • 1 min read

Металург вечерва е поразен на гостувањето кај екипата на Железничар од Ниш, со што е прекината низата на гостински победи на нашиот тим. Металург загуби во рамноправен натпревар, а пресудни беа неколкуте мини-периоди во кој не постигнувавме голови и правевме непотребни технички грешки. Мора да се истакне дека нашиот тим денеска ја немаше и потребната доза на среќа, бидејќи дури шест удари на наши ракометари завршија во стативата или во пречката. Во целина одигравме добар и храбар натпревар, а имавме и цела низа шанси да го преокрениме резултатот, но за жал не успеавме.

Металург не се предаде и во 50. минута стигнавме на само чекор од резултатот на Железничар, 22:21. Повторно имавме можност да го израмнеме резултатот, но – денеска навистина немавме среќа. Едно промашување од крило и уште една пречка во долгата низа не однесоа во пораз.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page