top of page

Вардар славеше над Загреб

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Feb 28, 2019
  • 1 min read

Вардар направи голем чекор за да заврши како прв во регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата со триумф 28-26 (13-12) против ППД Загреб во дербито во Скопје. Двата тима одамна се квалификуваа за Ф4 турнирот, но не е сигурно кое место ќе бидат на крајот од што ќе зависат и полуфиналните двојки.

Со 39 бода Вардар останува лидер на табелата три натпревари пред крајот на регуларната сезона, и сега има три повеќе од ППД Загреб и Нексе. „Црвено-црните" му се реваншираа на хрватскиот првак за поразот во првиот дел од сезоната, а истовремено продолжи традицијата на триумфи на Вардар на домашен терен против ППД Загреб.


Kommentare


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page