Вардар победи во Кристианштад
- Ракомет Mк
- Feb 23, 2019
- 1 min read
Црвено црните момци се враќаат со победа од гостувањето во Шведска кај Кристианштад каде успеаа да слават со 32 спрема 30.Првиот дел го доби минимално екипата на Кристианштад со 17 спрема 16 но до крајот успеаа да слават Вардарци.

Натпреварот го отвори Вардар со погодок на Даинис Криштопанс, потоа се играше рамноправно каде Кристианштад поведуваше , а Вардар бркаше и стигнуваше резултатски и на крајот на полуврмеето со погодокот на Гудмунсон Кристианштад успеа да замине на полувреме со минимално водство од 17 спрема 16.Во второто полувреме Вардарци уште од почетокот успеаа да си направат водство од 21-19, потоа со 24-21 и највисокото водство од +4 односно 27 спрема 23.Вардар ја зачува предноста и успеа да слави со 32 спрема 30.
Comments