top of page

Металург славеше над Стеауа за трета победа во Сеха Лигата

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Feb 22, 2019
  • 1 min read

Металург се враќа со победа од незгодното гостување во Букурешт, кај поранешниот европски шампион Стеауа. Во тежок и израмнет натпревар, Металург го совлада својот противник со резултат 28:26 (11:12).

Не им беше лесно на момците на Данило Брестовац да го одиграат овој натпревар. Имаме огромна пауза од декемвриските средби и ова е наш само втор официјален натпревар во последните 2.5 месеци. Дополнително, бевме ослабени од неиграњето на нашиот најдобар стрелец Александар Шпенде, а од поодамна сме без услугите и на нашиот прв десен бек Мартин Велковски.

*Текстот е превземен од официјалниот сајт на Ракометен клуб Металург


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page