Стефче Алушевски замена за Чирковиќ на тренерската позиција во Еурофарм Работник
- Ракомет Mк
- Feb 20, 2019
- 1 min read
После големиот пораз на Еурофарм Работник од екипата на Татабања во салата Боро Чурлевски во Битола, екс-тренер Чирковиќ изјави дека не сака повеќе да соработува со екипа која што е несериозна.Ден после натпреварот и официјално тимот соопшти дека ја раскинува соработката со Чирковиќ.На неговата тренерска позиција се најде некогашниот репрезентативец Стефче Алушовски.

Алушовски изјави дека негова цел оваа сезона во Еурофарм Работник ќе биде да застане на втората позиција во македонското првенство, односно да го победи Металург и со тоа да обезбеди место во Сеха лигата а можеби и вајлд карта за лигата на шампионите.
Comments