top of page

Вардар поразен од Веспрем во мечот на неделата

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Feb 16, 2019
  • 1 min read

Вардар остана со 15 бодови на контото по 12. коло во ЕХФ лигата на шампионите откако во мечот на неделата „црвено-црните" загубија на домашен терен од Веспрем со 27-29 (16-11). Имавме и шест голови предност пред крајот на првото полувреме, но на крајот гостите се реваншираа за нашиот триумф во првиот дел од сезоната во лигата на шампионите. На две кола до крај на регуларниот дел на сезоната Вардар се уште е во игра за второто место во групата. Во следното коло Вардар гостува кај Кристијанштад.

Вардар уште од почетокот на средбата најави дека и покрај тоа што имаме недоволно опоравени играчи и „пократка" клупа од гостите сепак понесени од одличната атмосфера во салата ќе дадеме се да победиме. Тие бодови значеа и речиси сигурно зацврстување на второто место во групата.

*Текстот е превземен од официјалниот сајт на Ракометниот клуб Вардар.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page