top of page

Вардар го победи Рајн Некар Левен среде Германија

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Feb 6, 2019
  • 1 min read

Сега Вардар е второпласиран на табелата во Група А со 15 бода, три повеќе од Кјелце и Веспрем. Остануваат за играње уште три средби, две дома (со Веспрем и Монпелје) и гостување кај Кристијанштад. Вардар победи на гостувањето кај Рајн Некар со 30-27.

Вардар е блиску до освојувањето на второто место во групата во Лигата на шампионите откако на гостувањето во Германија победи со 30-27 (16-14) во директен дуел со еден од ривалите, Рајн Некар. За "црвено-црните" ова е втор меѓусебен триумф сезонава и седми во Лигата на шампионите на десетте досега одиграни натпревари.Осминафиналето е потврдено, шанса барем теоретска да биде Вардар прв има, иако реално е да очекуваме да завршиме како второпласирани.


Commentaires


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page