top of page

Металург поразен од Загреб

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Feb 2, 2019
  • 1 min read

Првиот натпревар по долгата пауза излезе навистина тежок за Металург, како што и претпоставуваше нашиот тренер Брестовац пред средбата. Металург неочекувано лесно и убедливо е совладан од екипата на Загреб на чие што чело свое деби имаше тренерот Тамше. Сепак, се чини дека денеска повеќе видовме лошо издание на Металург отколку блескава партија на гостинскиот тим. Тоа јасно го кажа Брестовац на прес-конференцијата по средбата, на која тој изрази крајна разочараност од играта и од залагањето на своите ракометари.

Металург добро го започна натпреварот и беше конкурентен во првите 20 минути од играта. Се после тоа мина во знакот на противникот, кој го искористи големиот пад во нашата игра и деветминутниот пост без постигнат гол и со серија од 6:0 го преокрена резултатот. Во 16. минута водевме со резултат 8:6, а веќе во 25. минута беше 8:12 за екипата на Загреб. Ова стана решавачко за исходот на денешната средба, бидејќи Металург не најде сили да се врати во игр и д го загрози водството на гостите. Првото полувреме заврши со резултат 10:15 во полза на Загреб.Ништо не се промени ниту во вториот дел, во кој Металург продолжи со серијата грешки. Беа лесно загубени неколку топки, а видовме и цела низа на избрзани и непрецизни удари кон голот на хрватскиот шампион. Сето тоа резултираше со двоцифрено водство на Загреб веќе во 45. минута кога беше 15:25. Конечниот резултат е 24:36. Загреб си замина со комплетниот плен, а тренерот Брестовац ќе мора да направи детална анализа за да ги најде причините за високиот пораз.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page