top of page

Македонија поразена од Исланд, целта за втор круг не остварлива

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 17, 2019
  • 1 min read

Македонија денеска беше поразена од Исланд и на 4-та позиција го заврши првиот круг и не обезбеди место во вториот круг.Но репрезентацијата на Македонија ќе патува во Келн каде ќе игра со Русија, најверојатно и Србија за да избори од 13 до 16 место во светот.

Македонија натпреварот го отвори повторно фантастично со 4 спрема 1, набргу следуваше серија на Исланд каде тие израмнија.Целото прво полувреме Македонија го контролираше резултатот со водство највеќе до два разлика како и што заминаа на полувреме со 13 спрема 11 во полза за Македонија.Почетокот на второто полувреме беше повторно добар се играше рамноправно, но со нова серија од 4-0 Исланд успеа за прв пат да поведе со 18 спрема 16.До крајот на натпреварот Македонија се трудеше да израмни, Борко помагаше од голот но залудно во нападот ништо не правевме и Македонија беше поразена со 24 спрема 22.Македонија ги пакува куферите и заминува кон Келн каде ќе игра од 13 до 16 место во светот.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page