top of page

Македонија поразена само за 3 минути и декласирана од Шпанија

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 16, 2019
  • 1 min read

Македонија одигра фантастично прво полувреме и најдобро полувреме за ова светско првенство, но потоа следуваше скандалозен старт во второто полувреме каде за само 3 минути ние бевме поразени односно декласирани со 32 спрема 21.

Натпреварот го отворивме фантастично со 6 спрема 3, за брзо вратија шпанците со 6 спрема 6.До крајот на самото полувреме се играше рамноправно но со гол во последната минута ние заминавме на полувреме со 13 спрема 12 во корист за Шпанија.Во ова полувреме фантастичен беше НИКОЛА МИТРЕВСКИ кој имаше дури 12 интервенции за само едно полувреме.Во второто полувреме се случи ДРАМА, Македонија во рок од 3 минути катастрофално го отвори полуврмете и веќе во 33-та минута Шпанија водеше со неверојатни 18 спрема 12.Оваа низа на погодоци на Шпанците беше темелот на овој висок пораз каде тие во продолжение продолжија да го полнат македонскиот гол за конечни 32 спрема 21.Во второто полувреме добија шанса младите играчи на Македонија како Крстевски,Серафимов,Поповски и Танкоски.Во овој период Крстевски и Танкоски ги постигнаа своите дебитантски погодоци во дресот на македонската репрецентација, додека пак Серафимов два пати упати шут кон голот на Перез Де Варгаз но немаше среќа и двата шута се одбија од стативите на шпанците и не успеа да го постигне првиот погодок на ова СП.Следен натпревар е натпреварот со Исланд кој е клучен за патување во втората група кој се игра утре со почеток во 18:00 часот.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page