top of page

Македонија со прв пораз од Хрватска за ова СП

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 14, 2019
  • 1 min read

Македонија ја забележа првата победа на ова Светско првенство од фаворитот Хрватска.Македонија одигра реално лош натпревар и затоа беше поразена со високи 31 спрема 22.

Натпреварот се играше рамноправно до 9-7 за континуирано водство на Хрватска, потоа тие направија серија со 13 спрема 7 каде поведоа со солидни +6.До крајот на полувремето Македонија успеа да намали на 5 разлика односно 16 спрема 11.После паузата Македонија продолжи да намалува каде достигна до 18 спрема 15 но и шанса за 2 разлика каде нашите репрезентативци истата не ја искористија.Потоа повторно при 22 спрема 19 за Хрватска Македонија имаше втора шанса за да намали на 2 разлика но за жал повторно истата не ја искористи.До крајот на натпреваротр Хрватите ја прегазија играта на Македонија каде успеаа да достигнат највисоки +9 односно конечниот резултат 31 спрема 22.Според нас судиите многу ги толерираа хрватите со пасивен напад, односно нападот на хрватите траеше додека тие не постигнат погодок.Борко Ристовски беше повторно на своето ниво каде имаше околу 10-тина одбрани, во однос на Мартин Шего од Хрватска кој имаше феноменални 15тина интервенции кој и беше главниот виновник за овој пораз на Македонија.


留言


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page