top of page

Македонија рутински низ Бахреин за втора победа

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 13, 2019
  • 1 min read

Во рамките од второто коло од Светското првенство во Германија и Данска нашата репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во улога на фаворит против екипата на Бахреин со 28 спрема 23.

Натпреварот Македонија го отвори фантастично со 6 спрема 2, но потоа следуваше серија на селекцијата на Бахреин каде тие поведоа со 7 спрема 6,но до крајот на првото полувреме Македонија се врати во игра и успеа да замине на полувреме со 12 спрема 8 односно +4.Во второто полувреме Македонија само ја зголемуваше предноста каде достигна и највисоки +8 односно 22 спрема 14.До крајот на натпреварот селекторот Раул ги одмори поквалитетните играчи и им даде шанса на младите дебитанти како Чурлвески,Танкоски,Серафимов и Крстевски.Натпреварот заврши со конечни 28 спрема 23 во полза за Македонија.Оваа победа е втора победа за Македонија на ова СП, а додека пак следен натпревар е утре со почеток во 18 часот против репрезентацијата на Лино Червар Хрватска.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page