Македонија со победа над Јапонија го започна СП во Германија
- Ракомет Mк
- Jan 11, 2019
- 1 min read
Македонија триумфално го почна СП во Германија и во Данска, откако во првата средба убедливо славеше против незгодната Јапонија. Македонија победи со резултат 38:29 (18:13), што е наш највисок триумф во првите натпревари на светските првенства, и на своето конто ги запиша првите два бода.

За најдобар играч на средбата е прогласен македонскиот пикер Стојанче Стоилов.
Следниот натпревар на ова светско првенство ќе го одиграме в недела, а наш следен противник ќе биде селекцијата на Бахреин.
Comments