top of page

Металург поразен од Нексе

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Dec 16, 2018
  • 1 min read

Металурзите го одиграа претпоследниот натпревар оваа година против екипата на Нексе во рамките од 12то коло во Сеха лигата.Металург доживеа нов пораз од 26 спрема 23.

Првото полувреме припадна на екипата на Нексе резултатски со 12 спрема 10 , целото полувреме се играше рамноправно.Во второто полувреме Нексе ја започна играта за победа каде поведе со 16 спрема 11, потоа 21 спрема 15.До крајот на натпреварот Металург успеа да го намали резултатот каде на крај беше поразен со 26 спрема 23.Следен натпревар и последен за оваа година е со екипата на Извиѓач каде Металург ќе се надева на нова победа.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page