top of page

Вардар со победа се враќа од кај Вујо и Железничар

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Dec 9, 2018
  • 1 min read

Вардар одигра уште еден резултатски неизвесен натпревар од СЕХА Газпром лигата, иако во текот на сите 60 минути на гостувањето во Ниш кај Железничар нашиот тим ја имаше контролата над резултатот. „Црвено-црните" победија со 24-22 (12-10) и остануваат на лидерското место во регионалното натпреварување. Остануваат уште два натпревари до крајот на годинава за Вардар во СЕХА лигата.

И на гостувањето во Србија игравме без Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров. Тренерот Роберто Парондо комбинираше давајќи им шанса речиси на сите, и постојано држејќи го темпото. Иако на крајот од средбата самите влеговме во неизвесна завршница, во последниот напад Игор Карачиќ ги реши дилемите за триумф од 24-22. Претходно можевме ние уште порано да ја прекинеме неизвесноста, но ударот на Сташ Скубе беше непрецизен, а потоа Железничар имаше речиси цела минута за напад, но на крајот

Така продолживме и во вториот дел со предност од 2-3 гола, а во 47 минута поведовме со 20-16. Во 52 минута последне пат имавме „плус 4„ за 22-18, и наместо да продолжиме во тоа темпо попуштивме. Домаѓните ракометари намалија на само еден гол во 59 минута, и освоени трите бода.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page