top of page

Металург несреќно загуби од Вардар

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Dec 5, 2018
  • 1 min read

Денеска македонскиот шампион Вардар успеа да слави над вицешампионот Металург со минимални 27 спрема 26 во рамкиоте од 10-то коло од Сеха регионалната лига.Иако Металург водеше во поголемиот дел од натпреварот но немаше сили да изненади.

Вардар го отвори наптреварот со 1 спрема 0, потоа имаше Вардар бови 3 спрема 1.Вардар успеа да води со највисоки 8 спрема 4 .Металург успеа да намали на 9 спрема 9 и да поведе на 12 спрема 10.Вардар погоди потоа и Металург каде екипите заминаа на полувреме со 13 спрема 11 во полза на Металург.Второто полувреме повторно фантастично го отвори Металург со нови 16 спрема 12 односно највисоки 4.Вардар израмни 21 спрема 21 во 53та минута.Следуваа минути кој ште беа тешки во играта.Вардар поведе со 25 спрема 23 во последните 5 минути.Во 58та минута Металург израмни на 26 спрема 26, Вардар погоди за 27 спрема 26.Металург го имаше последниот напад кој траеше 30 секунди.Александар Шпенде успеа да шутира но за жал покрај голот на младиот Ќизич.Вардар со оваа победа се зацврсти на првото место на табелата, а Металург на претпоследното.На оваа утакмица Металург играше квалитетна игра можени и најдобрата сезонава но немаа доволни среќа да изненадат против фаворитот Вардар.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page