Металург со пораз од Татран ја заврши Лигата на Шампионите оваа сезона
- Ракомет Mк
- Dec 1, 2018
- 1 min read
Македонскиот вицешампион Металург денеска го одигра последниот натпревар од оваа сезона во рамките на Лигата на Шампионите.Металурзите гостуваа кај Татран во Прешов и без поразени со 30 спрема 24.

Натпреварот започна лошо за Металург, домаќините го отворија со 5 спрема 1.До крајот на полувремето Металург се мачеше да намали и во тоа успеа каде на полувреме екипите заминаа на пауза со 15 спрема 12 во полза на Татран.Додека пак второто полувреме Металург добро го започа каде успеа да израмни на 15 спрема 15.Младите металурзи имаа неколку шанси и за да поведат на овој натпревар но истите за жал не ги искористиа.Потоа Татран ги казни грешките на Металург и успеа да поведе дури до малксимални 28 спрема 22.Тоа беше периодот каде Металург падна во така наречена ,,црна дупка" која ја пратеа на многу утакмици оваа сезона, односно одлична игра до 40-та минута а потоа целосен распад и претрпување на високи порази.Конечниот резултат на овој натпревар беше 30 спрема 24.Овој натпревар беше последен за Металург оваа сезона, останува уште металурзите да се натпреваруваат во Сеха лигата а потоа и во домашното првенство да успеат да го одбранат вицешампионскиот пехар од Еурофарм Работник кој сериозно се заканува за негово освојување.
Comments