top of page

Вардар со победата над Киелце како второплрасиран заминува на пауза

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Dec 1, 2018
  • 1 min read

Вардар ќе презими во Лигата на шампионите како второпласиран во групата. Теоретски се уште има шанси и за првото место. Во последното 10. коло во Скопје го победи Киелце со 28 - 27 (14-11). Со двата бода сега „црвено-црните" имаа 13, и се искачија на второт место.

Роберто Парондо - тренер на Вардар „Задоволен сум од победата бидејќи совладавме силен тим каков што е Келце. Имавме одлично отворање на натпреварот и одлични 30 минути. Во еден период од средбата дојдовме и до 5-6 гола предност, но Келце е силен тим кој знае да се врати во средбата. Презадоволен сум од тоа што успеавме да победиме на еден вака тежок натпревар бидејќи имаме и намалена ротација поради повредени играчи. Сепак, ова е важна победа за нас",

Даинис Криштопанс - играч на Вардар „Одигравме одличен натпревар во кој имавме добар старт. Подолго време се подготвувавме за него. Ни недостигаат двајца повредени ракометари без кои ни е тешко и тоа ни создава проблеми бидејќи ни се потребни во играта.

*Текстот е превземен од официјалната страна на Ракометен Клуб Вардар.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page