top of page

Еурофарм Работник успеа да се пласира во ЕХФ Купот

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 30, 2018
  • 1 min read

Битолскиот Еурофарм Работник успеа да обезбеди европски почеток во 2019 година.Со победите над Берн успеа да се пласира во групата Б во ЕХФ Купот.Натпреварувањето започнува на 9 февруари, а само најдобрите од секоја група ќе се најдат на завршниот турнир.

Во Битола Еурофарм го декласираше Швајцарски Берн со високи 29 спрема 19.Потоа фармацевтите отпатуваа за Швајцарија каде одиграа уште една победа од 30 спрема 28.Со овие две победи Еурофарм успеа да се пласира на ЕХФ Купот.Како противници Еурофарм во групата Б ги доби екипите на Хановер(Германија) , Татабања(Унгарија) и Нексе(Хрватска).Еурофарм е ,,аутсајдер" ама на хартија, со добрите игри дома и малку среќа ќе успее да се бори за некое добро место во Европа.Од еурофарм велат не се многу задоволни од ждребката но нивно е да го обработат и да го дадат максимумот на секој натпревар.Хановер е главниот фавориот од оваа група која би требало да го гледаме на завршниот турнир.Додека пак од Нексе објавуваат дека Еурофарм е незгоден противник и ќе внимаваат со тоа што нема да го потценат туку максимално ќе влезат во играта.Халил Јагањац од Нексе до пред некое време и играч на Металург изјави дека се фаворити спрема Еурофарм и дека тоа ќе го докажат.Татабања иако не звучно име но сепак претставува закана за секоја екипа од групата.Татабања успеа да го победи Веспрем (Шампион на Унгарија) и со ова докажа дека не е екипа за потценување.Групата Б ќе биде доста интересна но можеби и комплицирана.

Група А: Фуксе Берлин, Ла Риоха, Саинт Рафаел и Балатонфуреди.

Група Б: Хановер, Нексе, Еурофарм и Татабања.

Група Ц: Порто, Холстербо, Куенца и Констанца.

Група Д: Фраикин, Азоти Пулави, Кил и ГОГ


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page