top of page

Металург испушти победа кај Војводина

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 29, 2018
  • 1 min read

Младите Металурзи допатуваа во Србија каде го одиграа натпреварот од деветтото коло во Сеха Лигата против екипата на Војводина.Металурзите иако го контролираа водството целиот натпревар на крај беа поразени со еден гол разлика односно 31 спрема 30.

Играта започна рамноправно, во текот на полувремето Металург успеа да се одлепи на 12 спрема 7,потоа и на 15 спрема 8.Но до крајот на полувреме домаќините успеаа да намалат на само 17 спрема 15 во полза на Металург.Второто поувреме започна со Металург потоа Војводина успеа да израмни односно 20 спрема 20.До крајот на натпреварот се играше рамноправно односно едните поведуваа другите стигнуваа и обратно но највеќе до 2 голови предност.Во последната минута Миха Пучник погоди преку пенал и донесе 30 спрема 30.Војводина имаше напад истиот го искористи и погоди за 31 спрема 30.Остануваа уште само 14 секунди. Металурзите организираа напад со топка до Бојан Маџовски кој за жал не успеа да погоди и тие беа ,,несреќно" поразени со 1 иако водеа и 7.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page