top of page

Металург го кажа последното "догледање" пред својата публика во ЛШ

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 24, 2018
  • 1 min read

Металург доживеа пораз од екипата на Силкеборг, во натпревар од деветтото коло на групната фаза на Лигата на шампионите. Видовме уште еден натпревар во кој македонскиот вицешампион не се посрамоти, ниту беше надигран, па сепак забележа нов, осми пораз во тековната сезона.

Всушност, средбата ја реши лошиот почеток на младите металурзи, кога во текот на првите шест минути не постигнаа ниту еден гол, а примија четири.Првото полувреме заврши со резултат 12:15 во полза на гостинскиот тим.Завршницата од средбата им припадна на ракометарите на Металург, кои ја преполовија предноста на Силкеборг, за конечни 29:33.Ова беше последен домашен натпревар на Металург во тековната сезона на Лигата на шампионите, а следен и последен натпревар ќе го одиграат во Прешов против Татран.

РК Металург – Силкеборг 29:33 (12:15)


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page