top of page

Mеталург запиша уште еден висок пораз од Спортинг Лисабон

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 8, 2018
  • 1 min read

Металурзите во рок од 24 часа одиграа два натпревари во Сеха лигата и Лигата на шампионите.После минималниот пораз од Стеауа тие денеска беа високо поразени од португалската екипа на Спортинг Лисабон во рамките од 7-то коло на Лигата на шампиони.Натпреварот заврши со резултатот 31 спрема 24 во полза на Спортинг.

Натпреварот го отвориа Металурзи со голот на Марио Танкоски,возвратија гостите за 1-1 , потоа лседуваше минималната серија на Металурз за 3-1,во продолжението тие зголемија на 8-4.Металург предноста ја задржа до крајот на полувремето каде екипите заминаа на пауза со 18 спрема 17.Гледавме полувреме со доста голем број на голови.Во почетокот на второто полувреме гостите успеаа да ремизираат и да поведат со 1,Металург набрзинка постигна гол и ремизираше.Во продолжението се растури играта на Металург и гостинската екипа на Спортинг гол по гол ја зголеми предноста и на највисоки +7, како и што заврши натпреварот со 31 спрема 24.Се повтори лошата игра на Металург: односно добро прво полувреме а лошо второ полувреме.


Comentarios


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page