Првенец за Металург во ЛШ: Совладани Чеховски Медведи
- Ракомет Mк
- Nov 4, 2018
- 1 min read
После 5 порази во лигата на шампионите тимот од Автокоманда Металург ја запиша првата победа дома над едкипата на Чеховски Медведи.Металурзите славеа со 25-24.

Натпреварот го отворија гостите со голот на Кирил Котов, потоа возврати новото засилување на Металург Александар Шпенде.Се играше рамноправно до 8-8, потоа започна претставата на Металург која беше предводена од Никола Даниловски и Металург успеа да направи предност од 13 спрема 8.До крајот на полувремето со помош на Александар Шпенде Металург успеа да ја зголеми предноста на +6 и да замине на полувреме со 16 спрема 10.Во второто полувреме гостите се обидуваа да ја намалат предноста и успеаа на крајот да намалат на конечни 25 спрема 24 во полза за Металург.Никола Даниловски имаше двоцифрен број на одбрани, додека пак Мартин Томовски одбрани неколку пенали.Најуспешен кај Металург беше Димитар Димитриоски со 6 голови,Шпенде Токич и Серафимов по 4 погодоци,Рибеиро со 3 гола,Танкоски Миличевич Пучник и Лазаровски со по 1 погодок.Добра работа во одбраната заврши новиот играч Миха Пучник.
Comments