Вардар славеше над Мешков Брест
- Ракомет Mк
- Nov 3, 2018
- 1 min read
Одличната игра во второто полувреме му ја донесе победата на Вардар. Вардарци постигнаа 16 а примија само девет гола. Во еден период од играта имаа и осум гола предност. Со новите бодови остануваат на лидерското место во групата.

Мечот го играа без Вуко Борозан кој требаше да паузира поради суспензијата од ЕХФ за црвениот картон на дуелот со Кјелце. Тренерот Парондо реши да игра со Игор Карачиќ на лев бек а Сташ Скубе на среден. Таа комбинација се покажа како добитна. Карачиќ постигна вкупно 11 гола од 14 упатени удари на голот на гостите. Тој беше нерешливата загатка за Мешков.Новото засилување Калифа Гедбан ги покажа своите квалитети. Влезе во 23 минута од натпреварот, и до крајот на средбата имаше 11 одбрани од што еден седмерец.
Comentários