Металург потпиша со две нови имиња
- Ракомет Mк
- Oct 31, 2018
- 1 min read
Македонскиот вицешампион Металург,после заминувањето на Халил Јагањац се засили со двајца нови играчи.Прво засилување е Гончало Рибеиро кој доваѓа од екипата на Pontault (Португалија) и второто засилување е Миха Пучник од екипата на Bocholt (Белгија).

Металург во недела има натпревар во Лигата на шампионите дома против екипата на Чеховски Медведи.Трите нови засилувања (Александар Шпенде, Гончало Рибеиро и Миха Пучник) се веќе пријавени за настап во недела.Инаку тие се веќе две недели во Скопје и тренираат со тимот на Металург.

Словенецот Миха Пучник има настапувано во дресот на Горење Велење,Марибор и во екипата на Бокхолт од каде што доваѓа во Металург.
30-годишниот Пучник игра на позиција лев бек има височина од 191cm и тежина од 100 килограми.

Гончало Рибеиро е португалец кој го засилува Металург од екипата на Понтаулт од Португалија.Рибеиро има 21 година и игра на централната позиција.Тој се одликува со височина од 191cm и 94 килограми.
Opmerkingen