top of page

Младиот Вардар поразен кај Мешков

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 30, 2018
  • 1 min read

Вардар во подмладен состав без главните играчи и тренерот во Белорусија го одигра натпреварот од СЕХА лигата. Црвено-црните беа аутсајдери, но во дел од натпреварот покажаа дека и овие неискусни играчи со кои настапија покажаа квалитет. Треба време и натпревари за да се стигне на посакуваното ниво. Вардар загуби со 20-35 (9-19).

Во историјата ќе остане запишан резултатот што е највисок пораз во меѓусебните дуели со Мешков. Но, за Белорусија отпатуваа со 11 ракометари од кои само петмина од првиот тим: Гедбан, Војводиќ, Поповски, Недановски и Мишевски. Во неможност навреме да се собере најсилниот тим по средбите во своите национални репрезентации логично решение беше да се замине за Брест со млада екипа.Во сабота се игра уште еден натпревар меѓу Мешков и Вардар, но овојпат во ЕХФ лигата и тоа во Скопје. Овој дуел е особено важен за Вардар бидејќи се борат да останат во игра за првото место што носи директно во четврт-финалето на ЛШ.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page