КАТАСТРОФА: Македонија поразена од Грција
- Ракомет Mк
- Oct 28, 2018
- 1 min read
Неочекувано ама реалност Македонија поразена од Грција во Кожани.Иако нашите ракометари ја имаа улогата на фаворити беа поразени од јужниот сосед со 28-26.

Првиот погодок беше на грците, потоа следуваше серија на Македонија од 4 спрема 1.На полувреме заминавме со мининална предност од 13 спрема 12.Во почетокот на второто полувреме повторно направивме нова серија на голови и достигнавме до 18 спрема 15.На десетина минути до крајот грците направија серија на голови од 3-0 и успеаа да поведат со 23 спрема 22.До крајот нанатпреварот играта на Македонија се распадна и Грција сосема заслужено славеа со 28 спрема 26.Најуспешен ракометар кај Македонија беше расположениот голман Никола Митревски, кој даде се од себе но залудно затоа што тоа нашите ракометари не го искористиа во нападот.
Comments