Македонија ја победи Турција во Битола
- Ракомет Mк
- Oct 25, 2018
- 1 min read
Се одигра првото коло од квалификациите за европското првенство во 2020 година.Нашата репрезентација на Македонија ја пречека репрезентација на Турција во салата ,,Боро Чурлевски" во Битола.Македонија славеше со 31 спрема 27.

Македонија ја имаше улогата на фаворит и го контролираше резултатот целиот натпревар.Натпреварот го отвориа нашите репрезентативци со 2 спрема 0.Следуваше добра одбрана и одличен Борко Ристовски со серија на голови од нападот и Македонија успеа на полувреме да замине со 17 спрема 13.Во почетокот од второто полувреме Македонија стигна до највисоки +8 односно 23 спрема 15.Потоа турците успеаа да намалат и натпреварот заврши со 31 спрема 27 за Македонија.Денеска за прв пат настапи дебитантот Мартин Томовски (младиот голман на Металург) успеа да одбрани пенал и да достигне до 3 одбрани од игра.Следен натпревар за македонската репрезентација е во недела на гости кај Грција со почеток во 16:00 часот.
Comentarios