top of page

Металург со прва победа сезонава против Татран

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 20, 2018
  • 1 min read

На хуманитарниот натпревар за Дарија помеѓу екипите на Металург и Татран Прешов во спортскиот центар Борис Трајковски во рамките на седмото коло од регионалната сеха лига металурзите ги освоија своите први бодови со победа од 30 спрема 28 над Татран.

Натпреварот започа со одличен почеток каде Металург поведе со 3 спрема 0, но потоа Татран со иста серија на голови успеа 3 спрема 3.Младите металурзи успеаа да достигнат до +5 односно 9 спрема 4, оваа низа на голови беше основата за победата на Металург.Екипите заминаа на полувреме со 15 спрема 11 за плаво белите.Металург во второто полувреме ја зголемуваше предноста каде достигна до највисоки 25 спрема 18, односно +7.До крајот на натпреварот Металург се релаксираше, се обидуваше да направи атракции и со тоа Татран го намали резултатот до конечни 30 спрема 28.Оваа победа Металурзите ја подарија на Јагањац кој што го одигра последниот натпревар во плаво белиот дрес.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page