Александар Шпенде ново име во Автокоманда
- Ракомет Mк
- Oct 16, 2018
- 1 min read
Дојде ново засилување во Автокоманда како замена за заминувањето на Филип Кузмановски.Завршени сите формалности и словенечкиот ракометар Александар Шпенде потпиша за Металург.Шпенде ќе биде дополнителна ротација за Данило Брестовац.

Шпенде (25 г., 197 см., 93 кг.) е ракометар кој игра на позиција лев бек и доаѓа од екипата на Порто, а кој претходно настапувал за екипите на Горење Велење, Марибор и Крка.Александар Шпенде потпиша договор со важност до јуни 2019 година, но и со можност да биде продолжен.
“Задоволен сум што дојдов во клуб со долга традиција и со дефиниран проект за сопствената иднина. Сметам дека Металург е вистинската средина за мојот понатамошен напредок. Се надевам дека ќе бидам во состојба да му помогнам на клубот, како што се надевам и дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и дека сезоната ќе ја завршиме со очекуваниот успех“, изјави Шпенде за Металург.
Commentaires