Прв пораз за Вардар сезонава од Киелце
- Ракомет Mк
- Oct 14, 2018
- 1 min read
Вардарци го доживеаа првиот пораз оваа сезона во рамките од 5-то коло од Лигата на шампионите на гостување во Полска кај Виве Киелцесо 31 спрема 27.

Натпреварот го отворија домаќините со 3-0 серија, потоа Вардарци намалија на 3-2.Еден период се играше рамноправна игра каде водството го задржа Киелце, потоа следуваше директен црвен картон за Вуко Борозан поради директен удар во лицето на Каралек.Екипите на полувреме заминаа со16 спрема 15 во полза на Киелце.Во почетокот на второто полувреме црвен картон доби Алекс Дјушебаев од Киелце поради недолично однесување кон Даинис Шишкарев.Киелце го зголеми резултатот на 22 спрема 17.Вардарци до крај успеаа да намалат на 24 спрема 22, но со нова серија Киелце успеа да слави со конечни 31 спрема 27.
Comentários