Металург со нов пораз кај Чеховски
- Ракомет Mк
- Oct 14, 2018
- 1 min read
Металург ја загуби и средбата од петтото коло на групната фаза на Лигата на шампионите. На гостувањето во Чехово, без поразени од екипата на Чеховски Медведи, со резултат 33:25 (18:13).

Но, за разлика од претходните четири средби во Лигата на шампионите, овој пат Металург го загуби натпреварот уште во првото полувреме. Многу рано, уште во 10-тата минута противникот имаше водство од 7:3, а во 15-тата и цели 6 гола, 10:4. Момците имаа слаба реализација во нападот, а играаа и многу лошо во одбраната. Иако повремено успеваваа да го намалат резултатот, по првите 30 минути на семафорот стоеше резултатот 18:13.Најблиску до пресврт беа во 43-та минута, кога со голот на Токиќ намалија на само гол негатива, 21:20. Но, тоа беше се од напорот да го прекршат резултатот. Металурзи влегоа во нивните познати “црни дупки“ и во следните осум минути постигнаа само 1 гол, а примиа 7, за 28:21. Ова дефинитивно го реши натпреварот, кој заврши со убедлив пораз на плаво белите.На овој натпревар Металург беше без својот прв тренер Данило Брестовац, поради суспензија за добиениот црвен картон претходниот натпревар.
댓글