top of page

Металург замрзна на -8 во Данска кај Силкеборг

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 7, 2018
  • 1 min read

Во Силкеборг (Данска) заврши средбата од четвртото коло на групната фаза на Лигата на шампионите. И на овој натпревар се повтори сето тоа што постојано го гледаме на средбите на Металург, без разлика дали игра во Лигата на шампионите или во СЕХА-лигата, – одлично прво и катастрофално второ полувреме.

Во првиот дел Металург беше апсолутно рамноправен партнер, кој постојано наоѓаше начин да се врати по минималните водства на противникот. Централна фигура во нападот беше Халил Јагањац, кој постигна пет првите шест гола и вкупно осум во првото полувреме.На оваа средба црвен картон доби Данило Брестовац, кој инаку важи за многу смирен тренер. Тој најпрво беше казнет со две минути, но не престана со својата реакција и во 45. минута доби црвен картон и мораше да го напушти теренот.Металург ја загуби и својата четврта едноподруго средба во групната фаза на Лигата на шампионите, но многу повеќе загрижува психолошкиот пад во играта во вторите полувремиња на сите досега одиграни натпревари.Во следното коло металурзи имаат гостување кај екипата на Чеховски Медведи од Русија.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page