Лино го победи ,,својот" Металург
- Ракомет Mк
- Oct 2, 2018
- 1 min read
Македонскиот вицешампион Металург денеска гостуваше во Хрватска кај Лино Червар и ППД Загреб.Металурзите беа поразени со 26 спрема 22 од поквалитетниот Загреб.

Првите минути поминаа без гол, потоа биеше Серафимов од пенал за 1-0 за Металург, потоа Загреб направи разлика од 3-1 и истата успеа да ја задржи до крај.Металург притискаше и екипите на полувреме заминаа со 11 спрема 10 во полза на Загреб.Второто полувреме го продолжи Загреб со 19 спрема 11 тоа беше клучниот момент за победата на Загреб односно серијата од 8-0.Металург до крајот на натпреварот успеа да намали до конечни 26 спрема 22.Следен натпревар за Метаург е во недела во рамките од лигата на шампионите каде Металурзите гостуваат кај Силкеборг.
Comments