Вардар очекувано со победа над Војводина
- Ракомет Mк
- Oct 2, 2018
- 1 min read
Денеска во спортскиот центар Јане Сандански Вардар ја пречека екипата на Војводина од Србија каде ја оправда улогата на фаворит и славеше над Војводина со 33 спрема 26.
Парондо главно играше со втората постава, за да им даде одмор на првите седуммина.

Натпреварот го отвори со погодок Војводина а потоа следуваа серија на голови и голови за Вардар каде екипите на полувреме заминаа со резултат од 17-15 во полза нормлано за Вардар.Црвено-Црните го затегнаа темпото во второто полувреме и со фантастична игра успеаа да го постигнат конечниот резултат од 33 спрема 26.Следен натпревар за Вардар е во сабота во рамките од Лигата на шампионите со германски Рајн Некар Ловен.
Comments