Повторно кобно второто полувреме за Металург, декласиран од Бешикташ
- Ракомет Mк
- Sep 23, 2018
- 1 min read
Металург денеска го одигра второто коло од Лигата на шампионите и дома беше поразен со високи 30 спрема 22 од турскиот шампион Бешикташ.Металург сеуште без победа.

Првите 3-минути немаше погодок, првиот гол беше на Мице Шилегов од пенал.Потоа следуваше серија на голови на Бешикташ, Металург успеа да израмни и се играше рамноправно до крајот на полувремето, каде истото заврши со 14 спрема 13 за Бешикташ.Второто полувреме повторно го отвори Металург со гол на Халил Јагањац,потоа следуваше серија на голови на Бешикташ како и вообичаено противникот се одлепи и победи со високи 30 спрема 22.Најуспешен за Металург беше Халил Јагањац со 7 погодоци.
Comments