Кузмановски го напушти Металург замина во Еурофарм
- Ракомет Mк
- Sep 7, 2018
- 1 min read
Капитенот на македонскиот вицешампион Металург го напушти тимот и замина во родениот град Битола каде ќе го носи дресот на Еурофарм Работник.

Кузмановски го напушта Металург поради неисплатени плати, тој и претходно најави а сега тоа стана реалност.Филип имаше состанок со газдата на Металург г-дин Минчо Јорданов но изгледа тие не се договориле и согласно закон на неисплатени три плати Кузмановски го напушти металург со жалба до РФМ.Тој останува во Еурофарм Работник до крајот на оваа сезона а после заминува во Германија каде има потпишано пред-договор со Магденбург.Кузмановски со Еурофарм ќе се натпреварува во Ехф купот и домашното првенство,а преку домашното првенство ќе се обиде да го заземе второто место и да бара влез во Сеха лигата.
Данило Брестовац (тренерот на Металург) изјави на денешната прес конференција дека оваа одлука не е добра на Кузмановски затоа што тој треба да се натпреварува во поквалитетни натпреварувања како Сеха лигата и лигата на шампионите.
Comentarios