Металург се засилува со нови млади играчи
- Ракомет Mк
- Aug 7, 2018
- 1 min read
Ново име во Металург е хрватскиот пикер Адријан Миличевиќ (20), кој досега настапувал за Пореч, Карловац и ППД Загреб, и кој е прогласен за најдобар играч на последното кадетско ЕП. Миличевиќ со Металург потпиша двегодишен договор.
Друго ново име во Металург е и српскиот голман Предраг Мијатовиќ (16), кој доаѓа од белградски Партизан и кој со Металург потпиша тригодишен договор.
Повратници во Металург се десниот бек Томислав Јагуриновски, кој се врати од позајмица, левото крило Бојан Маџовски, кој склучи едногодишен договор со Металург,
Рехабилитираниот централен бек Лука Стојановиќ, кој почна да го одработува својот двегодишен договор.
Нови четиригодишни договори потпишаа талентираните Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ.

Данило Брестовац тренерот на Металург изјави дека ростерот ќе биде сеуште отворен доколку недостасува некој играч и тој играч најверојатно би бил странски млад и квалитетен играч на позиција на која би им требала.
Исто така некогашниот пикер на Металург Младен Ракчевиќ деновиве ќе пристигне во Скопје каде ќе го финализира договорот со Металург и ќе се приклучи на клубот.

*Сликите и информациите се преземени од официјалната страна на Ракометен клуб Металург.
Comments