Металург ги започна подготовките во Автокоманда
- Ракомет Mк
- Aug 7, 2018
- 1 min read
Металург вчера ги почна подготовките за новата сезона. Шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац на располагање ги имаше сите свои ракометари, со исклучок на новиот голман Предраг Мијатовиќ, кој доаѓа денеска и Халил Јагањац, кој на тимот ќе му се приклучи в среда.

Во следниве два дена Металург ќе тренира во Автокоманда, а во четврток заминува во Маврово каде што до 18 август ќе го реализира предвидениот план за подготовки на екипата.Поради селекторските обврски во кадетската репрезентација, која од 9 до 19 ќе настапи на ЕХФ шампионатот во Грузија, Брестовац ќе го пропушти првиот дел од подготовките на Металург и првиот натпревар со Вардар во Суперкупот. Во тој период до 20 август, подготовките ќе ги водат неговите асистенти, Оливер Димитриоски и Петар Мисовски.
*Сликите и информациите се превземени од официјалниот сајт на РК. Металург.
Comments