Данило Брестовац нов тренер на Металург, Јагањац сеуште во Автокоманда
- Ракомет Mк
- Jul 25, 2018
- 1 min read
Денеска во просториите на вип салонот во Спортска Сала Автокоманда беше одржана прес-конференција каде беше претставен новиот тренер на Металург а тој е Данило Брестовац.Тој по неколку години повторно се врати во Автокоманда а доваѓа од тимот на Шамбери - Франција.

Брестовац е млад и амбициозен тренер а исто така ги води кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија.Тој со Металург потпиша тригодишен договор, но најави дека сака цел живот да остане во Автокоманда.
''Јас неможам многу да ветам не сум магионичар но со голема подршка од сопственикот ќе работам со млади играчи тоа ќе биде целта: производство на играчи за националниот тим и успех на македонскиот ракомет, во тимот ќе има место само за оние што сакаат да работат" - изјави Данило Брестовац.
Тој исто така напомена дека во текот на следниве деновиве ќе ги соопшти новите играчи и дел од стручниот штаб на клубот.
Халил Јагањац сега засега останува во Металург, договорот со ППД Загреб пропаднал.Иако хрватите нуделе 100.000-150.000 евра сепак не се договориле.Сега Данило Брестовац е во тимот па може Халил Јагањац да остане и во новата сезона - изјави Зоран Цветановски, Претседател на клубот.

Comments