top of page

Македонија со една нога на СП, високо совладана Романија

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jun 10, 2018
  • 1 min read

Денеска се одигра првиот натпревар од бараж дуелите за квалификации за Светското првенство во Германија и Данска во 2019 година.Нашата репрезентација на Македонија успеа да слави над Романија со 32 спрема 24, а на полувреме екипите замнинаа на одмор со 15 спрема 10 во полза на Македонија.

Натпреварот го отворија Романците каде поведоа со 2 спрема 0 но потоа следеше одлична низа на голови на Македонија каде што нашата репрезентација поведе со 8 спрема 2 односно серија од 8-0.Целиот натпревар Македонија го држеше водството во своја полза, иако највеќе водевме 10 гола разлика но славевме со 8 сепак тоа е одличен резултат со што значи дека со едната нога сме на Светското првенство.Вториот бараж натпревар се игра во среда со почеток во 17:30 часот во Романија.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page