Вардарци преку Монпелје кон финалето
- Ракомет Mк
- May 26, 2018
- 1 min read
Денеска се игра полуфиналниот ден од лигата на шампионите во машката конкуренција каде ние имаме еден преставник тоа е екипата на Вардар.Вардарци имаат за задача да го поминат Монпелје за да стигнат до големото финале.

Вардар на овој дуел е фаворит, но со оглед на тоа што Монпелје оваа сезона игра извонреден ракомет со доста квалитетен тим на овој натпревар ќе решаваат нијанси, каде нормално спортски е да се надеваме дека Вардар ќе ја оправда улогата на фаворит и ќе успее да слави за по 2 пат во својата историја да биде дел од големото финале со цел да ја одбрани титулата шампион.Натпреварот започнува во 18 часот во Ланксес Арената во Келн со директен пренос на МРТ1.
Comentarios