top of page

Вардарки Европски вице-шампионки !

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • May 13, 2018
  • 1 min read

Продолженијата во финалето на лигата на шампионите повторно беа пречка за Вардар да ја освои европската круна. И годинава мораше да играат продолженија, повторно против Ѓер и повторно да останеме само европски вице прваци. Во финалето на Ф4 турнирот Ѓер победи со 27-26 (20-20, 9-9).

Ова е првпат една екипа да ја одбрани титулата во женската лига на шампионите откако се игра овој формат на натпревари. Вардар е единствениот тим што има пет настапи на Ф4 турнирите, но остана без титулат што толку ја посакуваше.Можеби сѐ ќе беше поинаку доколку последниот напад во контра завршеше со гол, но ударот на Андреа Чанаџија заврши во голманот Ева Кис. Слично како и лани и годинава имавме шанса уште во регуларниот дел од натпреварот да завршиме сѐ во наша корист, но во последните девет секунди не успеавме да направиме акција од која ќе реализираме, а наместо удар судиите свиреа чекори.Но, ќе остане забележано дека Вардар е единствениот тим што на сите настапи на Ф4 турнирите бил на победничкиот пиедестал, трипати бронзен медал и два пати сребро.


コメント


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page