top of page

Вардарки против Ѓер во финалето на ЛШ, поразен Ростов Дон

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • May 12, 2018
  • 1 min read

Ланското финале на Ф4 турнирот во лигата на шампионите ќе има реприза и сезонава. Вардар по вторпат ќе игра за златниот медал откако во полуфиналето го победи тимот на Ростов со 25-19 (10-7).

Противник на Вардар во финалето ќе биде екипата на Ѓер. Унгарките го победија ЧСМ Букурешт со 28-20. Финалето ќе биде реприза на минатата година кога исто така за златото играа Вардар и Ѓер.Од самиот почеток на натпреварот вардарки покажаа дека се решени да победат и шансата нема да ја пропуштат. Имавме постојано водство најавувајќи го пласманот во финалето. Лејно имаше 11 успешни одбрани овозможувајќи им на соиграчите во напад да бидат прецизни.


Comentarios


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page