top of page

Вардар го пречекува Кил во реваншот од четвртфиналето во ЛШ

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Apr 27, 2018
  • 1 min read

Европскиот првак Вардар е фаворит на дуелот со Кил, но „црвено-црните" се свесни дека тоа мора да се докаже и на теренот. А против германските екипи треба секогаш да се игра добро, до крај на мечот, без опуштање и со максимално залагање.

Салата во СЦ „Јане Сандански" одамна е распродадена, навивачите се желни за нови победи, за нова клупска и македонска веселба. Притисокот е присутен, но екипата е подготвена за овој предизвик, за она што ги очекува и за она што го сака публиката.

Натпреварот е закажан за во недела со почеток во 17 часот.


Commenti


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page