top of page

Вардар со победа се враќа од Кил

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Apr 22, 2018
  • 1 min read

Пласманот на Ф4 турнирот во Келн и одбраната на европската титула стануваат реалност и се поблиску до реализација по победата во Германија, 29-28 против Кил во првиот четврт-финален натпревар од лигата на шампионите. Вардар го оправда фаворитскиот статус осварувајќи ја 55. победа во групната фаза од ЛШ и прв триумф на гости против Кил.Лука Циндриќ, Тимур Дибиров и Хорхе Македа ги постигнаа последните три гола за Вардар со кои „црвено-црните" триумфираа во Германија во салата која е „неосвоива тврдина" за многу други екипи.

Шампионски се однесуваше Вардар и кога имаше негатива од три гола, кога салата во Кил го бодреше својот тим. Имавме игра, мотив и желба да покажеме дека нашата форма оди нагоре и сме подготвени за нов пласман во Келн.Во последните минути добро го искористивме тоа што Кил имаше исклучен играч, намаливме на еден гол, а потоа Дибиров уште еднаш погоди за израмнување. Кил го имаше последниот напад, но младиот Нилсен погреши а Македа од својата половина ја погоди празната мрежа за победа, 29-28.

Реваншот се игра во недела во Скопје од 17 часот.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page