top of page

Шампионот Вардар ја затвори Сеха сезоната

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Apr 16, 2018
  • 1 min read

Македонскиот шампион Вардар е староновиот првак на СЕХА-лигата. До својата четврта титула во ова регионално натпреварување стигна со победата против ППД Загреб.

Иако важеше за голем фаворит, Вардар мораше да се помачи за да го совлада денеска мотивираниот тим на Загреб, кој до крајот се бореше за титулата, но мораше да го признае квалитетот на Вардар и да се задоволи со второто место во сезоната 2017/18.

Вардар – ППД Загреб 26:24 (14:13)

Честитки за ракометарите и за стручниот штаб на Вардар.Третото место го освои екипата на Цеље ПЛ, која го совлада демотивираниот Мешков Брест, со резултат 31:28.

Мешков Брест – Цеље ПЛ 28:31 (14:15)


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page