Металург го победи Мешков Брест
- Ракомет Mк
- Mar 9, 2018
- 1 min read
Металург извојува значајна победа во мечот со екипата на Мешков Брест. Силниот противник, кој во Скопје допатува со комбиниран состав, го совладавме со резултат 37:33 (17:17).Видовме борбен натпревар на кој се истакнаа нападите на двете екипи, за разлика од нивните одбрани, кои не беа доволно концентрирани, па средбата заврши со 70 постигнати голови.

Ова беше натпревар од 16. коло на СЕХА-лигата, а до крајот на регуларниот дел ни преостануваат уште средбите со Татран Прешов (14 март) и против Цеље ПЛ (18 март). Првата ја играме на гостински терен, а втората дома.
Металург – Мешков Брест 37:33 (17:17)
Commenti