Вардар ремизираше со Висла Плоцк
- Ракомет Mк
- Mar 5, 2018
- 1 min read
Вардар директно се пласираше во четврт-финалето на лигата на шампионите, а на последниот меч од групната фаза на домашен терен ремизиравме со Висла, 31-31 (16-16). „Црвено-црните„ има шанса и да победат, но во последните секунди ударот на капитенот Стоилов го одбрани гостинскиот голман Марчин Вичари.

Уште пред почетокот на средбата беше познато дека Вардар ќе биде првопласиран и директно ќе се пласира во четврт-финалето на лигата на шампионите. Полјаците мораа да победат во Скопје без оглед на дуелот на ППД Загреб. Тоа им беше единствената опција да играат во Топ-16 фазата. Се надеваа дека ќе го „фатат" Вардар со помала мотивација бидејќи „црвено-црните" обезбедија пласман и можеа порелакисрано да го одиграат последниот меч од групната фаза.
Мечевите од четврт-финалето на лигата на шампионите се играат во периодот од 18 до 22 април, и тоа прво на гостински терен, а реваншот е во периодот од 25 до 29 април во СЦ „Јане Сандански".
Comments